Достапни линкови

Миграцијата во светот порасна за над 40 насто


Бројот на луѓето кои се иселиле во странство во изминативе петнаесет години се зголеми за 41 насто, се наведува во најновиот извештај на Обединетите нации. Станува збор за 244 милиони луѓе. Најмногу луѓе прифатиле Соединетите држави, околу 47 милиони, од кои 20 милиони се бегалци. Германија и Русија го делат второто место со 12 милиони луѓе, по што следува Саудиска Арабија со 10 милиони, Британија со 9 и Обединетите Арапски Емирати со 8 милиони луѓе. Во Европа има околу 76 милиони мигранти.

XS
SM
MD
LG