Достапни линкови

logo-print

САД го осудија нападот во Истанбул


САД го осудија вчерашниот самоубиствен напад во стариот дел на Истанбул и ја истакнаа својата посветеност да работат со Турција во борбата против милитантите на Исламска држава. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс вети дека САД ќе продолжат да соработуваат со Турција и да ја поддржуваат во борбата против тероризмот. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изразувајќи сочувство до семејствата жртвите изјави: „САД го потврдуваат силниот ангажман да работи со Турција, членка на НАТО и ценет член на коалицијата против ИД во борбата против општата закана од тероризмот“. Во нападот биле убиени десет странски државјани, главно германски.

XS
SM
MD
LG