Достапни линкови

Иран заробил два американски брода


Пентагон соопшти дека Иран заробил два помали американки брода со десет членови на нивните екипажи, кои, како што најавил Техеран, ќе бидат брзо и безбедно вратени.Портпаролот на Пентагон Питер Кук изјави дека бродовите пловеле меѓу Кувајт и Бахреин кога бил загубен контактот со нив. Овој инцидент ја драматизира ситуацијата само неколку часа пред последниот говор на претседателот Барак Обама за состојбата на унијата. На двата брода се наоѓале десет членови на екипажите. Новинските агенции јавуваат дека американскиот државен секретар Џон Кери во врска со инцидентот веднаш телефонскиго повикал шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф.

XS
SM
MD
LG