Достапни линкови

logo-print

Обама: не треба трета светска војна за да се победи ИД


Американскиот претседател Барак Обама во неговото последно обраќање за состојбата на унијата ги отфрли критиките на републиканците дека Америка станува се послаба на меѓународната сцена и оти треба да покрене голема војна за да ги победи милитантите на Исламската држава. „Луѓето не гледаат во Москва или Пекинг за да ги водат, туку тие не бараат нас“, изјави Обама во годишното обраќање во Конгресот, наведувајќи дека републиканците сакаат трета светска војна. Тој оцени дека економското заздравување постигнато за време на неговото претседавање докажува оти Соединетите држави остануваат економски џин.

XS
SM
MD
LG