Достапни линкови

Туркменистанците стравуваат од нова девалвација


Илустрација.

Илустрација.

Банките во Туркменистан престанаа со продажба на девизи, што предизвика раст на цената на странските валути во менувањето „на црно“ поради стравувања од нова девалвација. Вработени во банките во главниот град Ашгабат денеска им соопштиле на клиентите дека забраната за продажба на американски долари и други цврсти валути ќе трае неопределено време. Туркменистан, чиј главен извозен продукт е природниот гас, веќе ја девалвираше својата валута манат за 19 проценти на први јануари. Гласините за нова голема девалвација ја зголемија побарувачката на странски валути по што се создадоа големи редици пред менувачниците ширум земјата.

XS
SM
MD
LG