Достапни линкови

Вајгл, Ховит и Кукан на работна средба во ДИК


Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржаа работна средба со тројцата членови на Европскиот парламент – Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан. Државната изборна комисија ги информирала дека и покрај големото задоцнување во нејзиното формирање, за период од две недели се исполнети двата клучни приоритета: избор на генерален секретар и утврдување на двата правилника за проверка на избирачкиот список. Со преземањето на овие активности, Државната изборна комисија создаде претпоставки за почнување на кадровското доекипирање и ажурирање на Избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. ЕУ пратениците, се додава во соопштението, се запознаени и дека процесот на кадровско доекипирање и почнување на водење и ажурирање на Избирачкиот список е условен од усогласувањето на политичките партии и надминување на институционалните и нормативните предизвици.

Тројцата европарламентарци ја пренесоа пораката дека Државната изборна комисија е поставена пред сериозна задача да спроведе избори според највисоки меѓународно стандарди, се наведува во соопштението од ДИК.

XS
SM
MD
LG