Достапни линкови

Меркел - Можно е меѓу жртвите во Истанбул да има и Германци


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека има веројатност меѓу жртвите на експлозијата во Истанбул да има и германски државјани, пренесе ТАСС.

„Ние сме растревожени од сознанието дека е можно да има државјани на Германија меѓу ранетите и загинатите“, рече Меркел.

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер, исто така, „најостро го осуди овој варварски напад“.

Турските власти информираа дека меѓу загинатите во денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул има и Турци и странци. Десет лица загинаа, а 15 беа ранети во експлозијата.

XS
SM
MD
LG