Достапни линкови

Авганистанско предупредување до талибанците


Авганистанскиот заменик министер за надворешни работи Хекмат Халил Карзаи.

Авганистанскиот заменик министер за надворешни работи Хекмат Халил Карзаи.

Авганистански претставници ги предупредија талибанците да не го бојкотираат мировниот процес, велејќи дека тие што ќе изберат војна ќе се соочат со сериозни последици. Ова денеска го изјави заменик министерот за надворешни работи Хекмат Халил Карзаи, откако се врати од средбата на четири земји во Исламабад на која се разговараше за патоказ за окончување на 14-годишната војна во Авганистан. Тој рече дека сите учесници – Авганистан, САД, Пакистан и Кина, сакаат да донесат траен мир во неговата земја. Талибанците не беа поканети на состанокот. Според него, повеќето талибанци сакаат мир и додаде дека владата ќе ги искористи сите средства што ѝ се на располагање против оние што не сакаат. Тој рече дека нема војна меѓу Авганистанците, посочувајќи на вмешаност од „странски елементи“. Официјални претставници на Кабул долго време го обвинуваат Пакистан за спонзорирање на талибанците во близина на меѓусебната граница, но Пакистан ги негира обвинувањата. Наредниот состанок на четирите земји е закажан за 18 јануари во Кабул, исто така без учество на талибанците.

XS
SM
MD
LG