Достапни линкови

logo-print

Уапсени четворица осомничени исламисти во Босна


Илустрација.

Илустрација.

Босанските власти соопштија дека уапсиле четири лица под сомнение дека планирале да ѝ се придружат на Исламската држава. Обвинителството соопшти дека едниот од нив, 22-годишниот Сенад Костац бил уапсен во Турција, при обид да влезе во Сирија, по што им бил предаден на босанските власти. Останатите тројца, на возраст од 26, 27 и 55 години, биле уапсени во близина на градот Велика Кладуша. За време на полициската акција биле запленети рачни бомби, нагазни мини, митралез, куршуми и знаме на Исламската држава. Слични операции беа спроведени во околината на Сараево во декември, кога беа уапсени 11 луѓе осомничени за поврзаност со ИД. Осуммина од нив сѐ уште се во притвор. Босна и Херцеговина лани го заостри законот со кој предвидува до 20 години затвор за милитантите и оние што ќе ги регрутираат.

XS
SM
MD
LG