Достапни линкови

Украинската пилотка во руски притвор со загрижувачко здравје


Надја Савченко.

Надја Савченко.

Адвокатот на украинската воена пилотка Надја Савченко, која речиси еден месец штрајкува со глад во притвор во Русија, рече дека здравствената состојба на неговата клиентка е „загрижувачка“. Адвокатот Николај Полозов денеска на Твитер објави дека 34-годишната Савченко изгубила 15 килограми од почетокот на штрајкот со глад на 17 декември. Тој напиша дека таа чувствува болки во стомакот и има мачнини. Савченко протестира против одлуката притворот да ѝ биде продолжен до 16 април. Таа е осомничена дека им пренесувала информации на артилериските единици кои пукаа врз места во источна Украина каде што двајца руски новинари загинаа од артилериски оган во 2014 година. Пилотката ги негира обвиненијата и тврди дека била киднапирана и насилно донесена во Русија.

XS
SM
MD
LG