Достапни линкови

Ердоган - Сириски бомбаш-самоубиец одговорен за нападот во Истанбул


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека човек со сириско потекло се смета за одговорен за денешниот самоубиствен бомбашки напад во Истанбул, во кој загинаа најмалку 10 луѓе, а 15 беа повредени. Експлозијата се случи во областа Султанахмед, која е позната туристичка дестинација. Ердоган вели дека меѓу жртвите имало и Турци и странци. Кабинетот на премиерот Ахмед Давутоглу воведе забрана за објавување на снимки од експлозијата, повикувајќи се на законот, според кој, вакви мерки може да бидат воведени кога се загрозени националната безбедност или јавниот ред и мир. Во изминативе месеци во Турција напади извршија, курдски, левичарски и исламистички милитанти.

XS
SM
MD
LG