Достапни линкови

Русија воено се засилува на нејзиното западно крило


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Русија соопшти дека ќе формира три нови дивизии на нејзиното западно крило и оти ќе распореди пет полкови за стратешки нуклеарни проектили на борбена должност. Ова, како што пренесуваат руските новински агенции, денеска го најавил министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Тој вели дека исто така ќе биде неопходно да се подобри инфраструктурата за поддршка на руските нуклеарни сили, како што се базите каде што се сместени стратешките ракетни подморници и бомбардери со долг дострел. Шојгу најави дека секоја воена област во 2016 година ќе подлежи на директна проверка. Руската анексија на Крим во март 2014 година и конфликтот во источна Украина ги залади односите меѓу Русија и западот на најлошо ниво од завршувањето на Студената војна.

XS
SM
MD
LG