Достапни линкови

По средбата на потпретседателот Џо Бајден и премиерот Никола Груевски, Белата Куќа соопшти дека имало согласност за примена на договорот од Пржино со цел веродостојни избори. Резултатите од средбата Бајден – Груевски, според експерти, веројатно ќе добијат форма кога ќе се засили притисокот за договорот од Пржино.

Кусото соопштение од Белата куќа претставува знак дека средбата на премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џо Бајден била неофицијална, вели Малинка Ристовска Јорданова од Институтот за европска политика. Според неа главна тема бил Договорот од Пржино, а средбата САД ја искористиле за да го кажат својот став за политичката ситуација во Македонија, три дена пред договорената оставка на премиерот Груевски.

Американската страна не сака многу да оди во јавност за содржината на средбата и не сака да даде официјална порака. Главната претпоставка е дека е поврзано со спроведувањето на Договорот од Пржино и поднесувањето на негова оставка. Резултатите од средбата ќе ги видиме на 14-ти и 15-ти кога ќе биде најголем меѓународниот притисок за оставката на Груевски.

„Официјална средба на друг начин се организира во Стејт Департментот, апсолутно ова не укажува на официјална средба“, вели Ристовска Јорданова.

Во соопштението од Белата куќа се вели дека двајцата соговорници се согласиле за важноста од континуирано имплементирање на Договорот од Пржино и преземањето дејства за обезбедување веродостојни избори.

И покрај кусото соопштение од Белата куќа, за средбата универзитетскиот професор Димитар Мирчев вели дека тоа било многу значајна средба со оглед дека е прва по единствената пред пет години. Според него теми на кои се разговарало биле евроатланската интеграција како и политичката криза во Македонија, при што премиерот го информирал Бајден дека е подготвен да се повлече од функцијата, но барал и гаранции дека изборите ќе се одржат во договорениот рок во април

„Колку што гледам од информациите што се достапни, средбата била продуктивна и корисна. Во секој случај тие контакти со САД ни се корисни. Сигурно дека слушаме и некои забелешки и сугестии за натамошниот развој што само може да ни користат“, вели Мирчев.

Мирчев нема очекувања дека ќе произлезе резултат од оваа средба со оглед на политичката криза во Македонија.

В петок во Македонија треба да допатува и еврокомесарот Јоханес Хан и веројатното, по средбата со Бајден ќе се знае дали тогаш Груевски се уште ќе биде премиер или не, вели Малинка Ристовска Јорданова која очекува тогаш да се знае резултатот од средбата на Груевски со Бајден во Вашингтон. Таа вели дека сега е чувствителен момент на спроведување на Договорот од Пржино и дека на САД во овој период не им е во интерес јавност пред реализирањето на клучниот дел од договорот, а тоа е оставката на Груевски.

„Американската страна не сака многу да оди во јавност за содржината на средбата и не сака да даде официјална порака. Главната претпоставка е дека е поврзано со спроведувањето на Договорот од Пржино и поднесувањето на негова оставка. Резултатите од средбата ќе ги видиме на 14-ти и 15-ти кога ќе биде најголем меѓународниот притисок за оставката на Груевски“, вели Ристевска Јордановска.

Инаку според изјавата на премиерот кој ја бараше средбата со Бајден, разговарале за добри работи и за предизвици, но немаше негова оценка. Портпарлот на Стејт Департментот Џон Кирби на прашање дали премиерот се сретнал и со помошник државниот секретар Викторија Нуланд одговори дека немал детали за планирани активности на Нуланд.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG