Достапни линкови

Бајден и Груевски разговарале за Пржино


„Владата на Македонија бараше премиерот Груевски да се сретне со потпретседателот Бајден главно за да се разговара за спроведувањето на договорот од Пржино, за безбедносни прашања и за други работи од заеднички интерес“. Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби на редовната прес конференција во Вашингтон запрашан за тоа дали премиерот Груевски, освен со потпретседателот Бајден се сретнал и со помошникот државен секретар Викторија Нуланд. Кирби во врска со ова одговори дека немал никакви детали за планираните активности на Нуланд. Инаку, Груевски по средбата со Бајден изјави дека таа била одлична и пријателска. „Од последното гледање до сега се имаат случено многу добри работи, но и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Зборувавме за политичкиот договор, зборувавме за реформите во повеќе сфери, зборувавме за економијата и економската соработка, зборувавме за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Ние ќе продолжиме да соработуваме и во иднина со Америка, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ и нивната поддршка на тој правец ќе биде многу значајна за нас во иднина, подвлече Груевски. Тој пред средбата со Бајден, имаше средби и со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, како и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.

XS
SM
MD
LG