Достапни линкови

Партиски опоненти со исти очекувања - стабилна држава


Дејан Ристов секретар на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и Сашо Тодоровски портпарол на Огранокот на СДСМ во Куманово.

Дејан Ристов секретар на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и Сашо Тодоровски портпарол на Огранокот на СДСМ во Куманово.

Високи претставници на општинските организации на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ од Куманово очекуваат стабилизација на државата, подобра иднина за сите граѓани и просперитет за младите.

Политичките турбуленции, немирот, несигурната економска состојба, но и безбедноста по мајските случувања, заминување на младите од државава, треба да останат зад нас, велат Дејан Ристов секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Тодоровски портпарол на ОО на СДСМ во Куманово. На почетокот на годинава двајцата од различни партиско-политички провиниенции очекуваат промени во структурата на нивните партии, подобра иднина за сите граѓани и просперитет за младите. Согласни се и дека омразата меѓу луѓето треба да биде минато.

По изборите очекувам да се нормализира состојбата, оти на народот веќе му е преку глава од сите овие проблеми, луѓето сакаат нормално да функционираат. Најавените и реализираните инвестиции ќе влијаат младите да создадат семејства и да останат тука. Тука има иднина.

„Очекувам политичка стабилизација што ќе придонесе и за економска и општествена нормализација на односите во државата. Првата половина од годината ќе помине под влијание на претходната се до изборите, а потоа фокусот да биде ставен на реалните потреби на граѓаните, реалниот интерес, а тоа е повисок стандарад. Очекувам многу помирна година и покрај негативните најави од некои наши политичари. Пред сè очекувам напуштање на оној преторијански систем во општеството каде што нема никакви правила, никаков однос, комуникација и критериуми во однесувањето. По изборите очекувам да се нормализира состојбата, оти на народот веќе му е преку глава од сите овие проблеми, луѓето сакаат нормално да функционираат. Најавените и реализираните инвестиции ќе влијаат младите да создадат семејства и да останат тука. Тука има иднина“, вели Дејан Ристов од ВМРО-ДПМНЕ.

Сашо Тодоровски од СДСМ смета дека минатата година особено за Куманово ќе биде запаметена и по мајските случувања и загубените животи во Диво Насеље (Дива Населба), од што последиците се уште граѓаните ги трпат.

„Затоа би сакал оваа година да има едно ново поимање на политиката во Македонија. Да се свестиме сите до каде сме и колку можеме да направиме. Очекувам конечно во државава да завладее демократијата, да завладее правото и да се вратиме на вистинските вредности кои изминатите десетина години ги заборавивме.“

Тодоровски додава дека доколку СДСМ биде на власт во државава состојбата би била подобра.

„Мораме сите да направиме напори Македонија да биде поубаво место за живеење. Тоа го бараат граѓаните, го бараат младите и тоа го очекуваат сите од нас.“

Мораме сите да направиме напори Македонија да биде поубаво место за живеење. Тоа го бараат граѓаните, го бараат младите и тоа го очекуваат сите од нас.

Партиски, роднински, пријателски вработувања и поставувања на „свои“ луѓе на високи позиции и функции и според Тодоровски и според Ристов се присутни кај другите. Сепак, двајцата сметаат дека се неопходни структурни промени и внатре во партиите.

За СДСМ Ристов вели дека како за сега опозициона партија изминатите години имала можност да направи внатрешни сериозни реформи. Да се ослободи од некои свои кадри кои што биле на власт во 90-те години од минатиот век и во периодот од 2002 до 2006-та година.

„За жал, наместо тој процес да оди кон подобрување, сепак можам да забележам дека има назадувања во СДСМ. Се пласираат одредени практики и навики кои доколку се имплементираат на централна власт ќе дојде до целсоно назадување на државно ниво.“

Тодоровски вели дека во СДСМ е можно да има некакви промени, меѓутоа со голем оптимизам за победа на претстојните избори, тој и не гледа неопходност од такво нешто. А доколку СДСМ ја освои власта дали ќе има одмазда, отпуштања од работа, како што по автоматизам се практикува со промените на власта, Тодоровски вели дека овојпат тоа ќе изостане.

„Во никој случај, тоа го најави и претседателот Заев. Меѓутоа оној што направил криминал и што е одговорен пред граѓаните, би требало да поднесе одговорност и да одговара пред институциите.“

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG