Достапни линкови

Средба на Вајгл, Ховит и Кукан со претставници на ВМРО-ДПМНЕ


Досегашната реализација на обврските од Договорот постигнат меѓу четирите партии во Пржино за излез од кризата, како и претстојните обврски во наредниот период, биле главна тема на денешната средба на тројцата европратеници Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел со претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што соопшти владејачката партија, Никола Тодоров на Вајгл, Ховит и Кукан им укажал дека сите обврски кои ги презеде ВМРО-ДПМНЕ, беа почитувани.

На меѓународните претставници им биле пренесени очекувањата Договорот да биде до крај реализиран, вклучувајќи го и клучниот услов, изборите на 24 април.

Секој обид да се изигра овој услов го доведува во прашање целокупниот договор и се што е досега постигнато, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG