Достапни линкови

Бомбардирано училиште во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 12 ученици и тројца наставници загинаа во воздушен напад во училиште во северна Сирија, за кој се сомничи Русија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, информира дека нападот се случил во градот Аин Џара во провинцијата Алепо, која е под контрола на бунтовниците. Во нападот исто така биле ранети 20 луѓе. Русија од септември спроведува воздушни напади во Сирија за поддршка на режимот на претседателот Башар ал-Асад, но негира дека напаѓа цивилни цели. Сириската опсерваторија за човекови права на крајот на декември соопшти дека во руските воздушни напади загинале 2.300 луѓе од кои 792 цивили.

XS
SM
MD
LG