Достапни линкови

Рогозин на разговори за продажба на оружје во Белград


Рускиот вицепремиер Димитри Рогозин е во официјална посета на Белград, каде што разговара за можен договор за испорака на оружје во Србија. Рогозин му претстави на српскиот премиер Александар Вучиќ модел на проектили земја-воздух за кои Србија е наводно заинтересирана. Рогозин рече дека ако Србија имала сличен систем во 1999 година, ќе биле избегнати некои од најголемите уништувања од бомбардирањето на НАТО. Србија е еден од најсилните сојузници на Русија во Европа и сака да го задржи цврстите врски и покрај движењето кон интеграција во ЕУ.

XS
SM
MD
LG