Достапни линкови

logo-print

Крадец со шприц ѝ се заканил на аптекарка и украл вијагра


Непознат сторител синоќа извршил разбојништво над вработена во аптеката „Виола“ во трговскиот центар Буњаковец во Скопје, при што одзел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии „Вијагра“.

МВР соопшти дека сторителот со шприц ѝ се заканил на вработената дека ако не му даде пари ќе го употреби и ќе ја зарази со сида. Откако ги земал парите, побарал и таблети вијагра. Кога ги зел и таблетите излегол и се упатил кон Универзалната сала.

XS
SM
MD
LG