Достапни линкови

Во Турција уапсени 33 осомничени членови на Исламската држава


Илустрација.

Илустрација.

Турската полиција вчера во Истанбул и во Адана приведе вкупно 33 осомничени членови на џихадистичката организација Исламска држава(ИД), од кои 16 се странски државјани, соопштија денеска властите во Анкара. Припадниците на антитерористичката единица во исто време извршиле претрес во пет квартови во Истанбул, при што се уапсени десет лица. Има информации дека приведените биле во контакт со борци од ИД и оти патувале во конфликтните зони.

Во акцијата во Адана се приведени 23 лица, од кои 16 се странски државјани, кои планирале да се приклучат на ИД. Петнаесет од нив се египетски државјани, а една е Русинка. Седумтемина приведени турски државјани се осомничени дека врбувале борци за ИД.

XS
SM
MD
LG