Достапни линкови

Тројца ученици загинаа во напад врз училиште во Авганистан


Архивска фотографија: Училиште во Хост.

Најмалку три деца загинале кога минофрлачка граната погоди едно училиште во источен Авганистан. Министерството за образование соопшти дека во денешниот напад врз средното училиште во провинцијата Хост исто така биле и повредени осуммина ученици. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Провинцијата Хост на границата со Пакистан е релативно мирна во последните месеци, но минатата година, во април и во јули, десетици луѓе беа убиени во самоубиствени бомбашки напади.

XS
SM
MD
LG