Достапни линкови

logo-print

Путин - Санкциите од ЕУ против Русија се апсурдни


Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека санкциите од ЕУ против неговата земја, поради руското мешање во кризата во Украина, се апсурдни. Во интервју за германскиот весник Билд, Путин вели дека референдумот за отцепување на Крим од Украина и припојување кон Русија бил демократски и ја претставувал волјата на народот. Тој исто така ги отфрла критиките за улогата на Москва во кризата во источна Украина, велејќи дека мировниот договор меѓу Киев и проруските сепаратисти не се имплементира соодветно. Тој го обвини НАТО за доближувањето до руските граници по крајот на Студената војна со што, според него, ги засилува меѓународните кризи.

„НАТО и САД сакаа целосна победа против Советскиот Сојуз“, вели Путин и додава дека „сакаат да седат на тронот на Европа сами“.

XS
SM
MD
LG