Достапни линкови

Ќе се формира Анкетна за "фабриката за лични карти"


Архива - Седница на Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето

Архива - Седница на Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска донесе одлука за формирање Анкетна комисија за скандалот со „фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи“. Пратеничката група на СДСМ не доставила предлози за членови на оваа Комисија и не присуствуваа на денешната седница.

Претседателот на Комисијата Зоран Илиоски информираше дека предлози за членови на Комисијата доставиле ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, а член ќе биде и независната пратеничка Солза Грчева.Во моментот кога пратеничката група на СДСМ ќе достави до мене предлози за членови на Анкетната комисија итно ќе свикам седница и тие ќе бидат вградени во составот на Анкетната комисија, рече Илиоски. Врз основа на Одлуката, Анкетната комисија треба да содржи 16 членови, од кои четворица на предлог на опозицијата.

За претседател на Анкетната е предложен координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

XS
SM
MD
LG