Достапни линкови

Бројни коментари за посетата на Груевски на Вашингтон


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најавената средба на премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џо Бајден во Вашингтон предизвикала бројни коментари од нашите читатели.

Анализирајќи ги коментарите на нашите фанови по текстовите на новинарите на РСЕ, се забележува дека на нашата Фејсбук страница граѓаните реагираат на тоа дека јавните пари, на пример, одат во приватни џебовии дека Македонија оди кон должничко ропство, како и дека во новава 2016 банките потешко ќе даваат долгорочни кредити, би рекле, основното средство за преживување на нашите луѓе.

Груевски во Америка патува со граѓански пари, а ние уште социјална помош не сме зеле.

Коментари има и на веста дека премиерот Груевски остварува посета на САД каде што ќе има средба со потпретседателот Бајден и тоа на неколку дена пред предвидената негова оставка од премиерската функција. Па така, Зоран Качаков се прашува зошто Груевски се мачи за уште малку, а Стојчо Ѓорев се потсмева дека Груевски бил повикан затоа што е голем демократ на кого му цвета државата... Ма ајде, вели Ѓорев, ќе видиш во четврток безпоговорна и во страв дадена оставка. Ласте Џеладини со иронија потсетува дека Груевски во Америка патува со граѓански пари, а ние уште социјална помош не сме зеле, напишал.

Текстот на претседателот на социјалдемократската младина Стефан Богоев, насловен: „2016-та: Тик-так, светлина после мрак!“ „собрал“ еден куп постови на нашата Фејсбук страница, главно негативни, така што прилегаат како да се пишувани од еден човек. Борче Накевски смета дека народот го знаел СДСМ по лоши дела, Пеце Стојоски смета дека социјалдемократите само го закрвувале народот и јаделе живи луѓе, Марјан Ѓорѓиев постирал дека со такви личности во врвот СДСМ никогаш нема да дојде на власт. Но затоа Милица Максимовска напишала дека дефинитивно треба светлина и нова енергија. Само напред, постирала, за сите кои се борат да ја променат суровава реалност и бесперспективност во која нè втурнаа Груевски и ДПМНЕ. Милош Славев кратко напишал: Готово е Груевски, младите ќе те избркаат.

По веста дека претставници од ЕУ ќе скенираат до каде е „Пржино, Жарко Ангеловски постирал дека Хан ќе добие инфаркт кога ќе разбере дека ДПМНЕ сака да прави друга анкетна комисија, а таа од Пржино не важи. Зоре Тасески, внел малку хумор во својот пост: Ќе му ги тргаат ушите на Зајко и на мафијашон Грујо.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG