Достапни линкови

Арапската лига го обвини Иран за мешање во арапските работи


Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Арапската лига го обвинија Иран за, како што е наведено, мешање во арапските работи. На состанокот во Каиро тие го обвинија Иран каде што владеат шиитите за кршење на меѓународните договори со тоа што не ги штити дипломатските претставништва на Саудиска Арабија во Техеран. Министрите во соопштението не спомнуваат конкретни мерки против Иран. Ријад ги прекина дипломатските односи со Техеран откако ирански демонстранти, по веста за егзекуцијата на еден познат шиитски верски лидер бил егзекутиран од саудиските власти, влегле во саудиската амбасада во Техеран.

XS
SM
MD
LG