Достапни линкови

logo-print

Авганистан:Преземена област од Талибанците


Авганистанските сили ја вратија под свое владение областа на север која се граничи со Таџекистан, два месеца откако беше преземена од талибанските бунтовници. Во денешното соопштение на министерството за внатрешни работи се наведува дека авганистанската армија, полиција и специјални сили спровеле голема офанзива на 8 јануари за да ја преземат областа.
Во него пишува и дека два дена авганистанските сили се бореле со Талибанците и дека имало повредени и загинати бунтовници.
Конкретно,како што пишува, загинале околу 20 Талибанци и еден авганистански војник.
Заземањето на провинцијата од страна на Талибанците ги зголеми стравувањата дека е можно насилствата да се рашират и кај централноазиските нации.

XS
SM
MD
LG