Достапни линкови

Техеран ја обвини Саудиска Арабија за поткопување на сириските мировни преговори


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ја обвини Саудиска Арабија дека го користи зголеменото дипломатско несогласување со Техеран за да ги поткопа мировните преговори за сирискиот конфликт. Пристапот на Саудиска Арабија е да креира тензии кои негативно ќе се рефлектираат врз сириската криза, оцени Зариф во соопштението. Тој наведува и дека неговата земја нема да дозволела саудиските акции да имаат негативно влијание. Соопштението доаѓа истовремено со официјалната посета на Техеран на Стафан де Мистура посредникот на Обеденитите нации за Сирија.
Изјавата на Зариф следува и една недела откако Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Иран по несогласувањета кои избија откако сунитското кралство изврши егзекуција на познат шиитски свештеник.

XS
SM
MD
LG