Достапни линкови

logo-print

Сирија: Десетици повредени во руски воздушни напади


Активисти тврдат дека во руски воздушни напади врз затворски комплекс под раководство на соработници на Ал-Каеда во Сирија загинале речиси 60 луѓе. Цел на вчерашниот напад била зградата на Ал-Нусра лоцирана во близина на популарниот пазар Маарат ал-Нуман во северозападната провинција Идлиб, соопшти Сириската набљудувачка група за човекови права. Организацијата основана во Британија соопшти дека биле убиени 57 луѓе меѓу кои цивили, бунтовници и притвореници додека 30 други се повредени. Тие тврдат дека нападот бил извршен со руски воени авиони. Русија врши воздушни напади во Сирија од 30 септември за поддршка на сирискиот претседател Башар Ал-Асад, сојузник на Кремљ. Повеќе од 250 000 Сиријци се убиени во речиси петгодишниот конфликт кој почна со антивладини протести.

XS
SM
MD
LG