Достапни линкови

Јемен:Во напад на болница убиени три лица


Лекари без граници соопштија дека една од нивните клиники во северен Јемен била погодена од ракета вчера при што загинале три лица.
Меѓународната медицинска група соопшти дека десет луѓе се повредени во нападот на објектот во областа Разех во провинцијата Саада. Тие не прецизираа кој сметаат дека стои зад нападот.
Саада е упориште на шиитските бунтовници Хути кои се поддржани од Иран и кои се цел на напади од март од коалицијата за поддршка на јеменската влада.
Лекари без граници ја обвинија коалицијата предводена од Саудиска Арабија за бомбардирање на нивната клиика во Таез, југозападен Јемен во октомври.


XS
SM
MD
LG