Достапни линкови

Турција:Тројца уапсени за убиството на сирискиот новинар


Турските власти соопштија дека уапсиле тројца осомничени за убиството на сирискиот новинар во јужна Турција. Наџи Џерф, уредник во опозицискиот магазин Хинта беше застрелан на улица во градот Газиантеп кон крајот на минатиот месец. Тој е трет сириски новинар убиен во Турција во последниве месеци. Турските медиуми јавуваат дека полицијата уапсила еден осомничен и двајца други кои се верува дека му помагале.
Засега нема други детали ниту пак е откриен нивниот идентитет. Репортери без граници соопштија дека ал-Џарф добивал закани по објавувањето на документарецот за насилствата на Исламска држава.
ИД ја презеде одговорноста за убиствата на други двајца сириски новинари кои се случија во октомври.

XS
SM
MD
LG