Достапни линкови

logo-print

Напаѓачот во Париз претходно бил во германски азилантски центар


Германските истражни органи соопштија дека човекот кој ја нападна полициската станица во Париз живеел во центар за баратели на азил во Германија. Мажот се обиде да нападне полициска станица во западен Париз на седми јануари, првата годишнина од смртоносниот напад на сатиричниот весник Шарли Ебдо во францускиот главен град.
Полицијата пукаше и го уби напаѓачот кој носеше лажен самоубиствен бомбашки појас. Засега нема други детали од германската полиција. Новинскиот портал Шпигл онлајн наведува дека мажот веќе бил заведен од германската полиција како можна безбедносна закана откако се фотографирал со знамето на Исламска држава во центарот за бегалци. Од него тој исчезнал во декември. Француските истражни органи го идентификуваа осомничениот како Тунижанец со име Тарек Белгакем.

XS
SM
MD
LG