Достапни линкови

Издадени потврди за барања за азил на 715 мигранти


Во текот на вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 715 странски државјани, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Како што соопшти МВР, од лицата 307 се од машки пол, 166 се од женски, 234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда.нСпоред државјанството, најбројни се државјаните на Авганистан 318, Сирија 304 и Ирак 93. Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 9 јануари, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

XS
SM
MD
LG