Достапни линкови

Франција:Комеморација за жртвите од Шарли Ебдо


Францускиот претседал Франсоа Оланд ќе ја предводи денешната церемонија за сеќавање на жртвите од ланскиот терористички напад и загинатите во серијата напади низ Париз во ноември минатата година. Оланд ќе открие и спомен плоча во подножјето на десеметри високото дрво кое беше засадено по тој повод.
Церемонијата е дел од настаните викендов со кои се одбележува првата годишнина од терористичките напади на еврејскиот пазар во Париз и редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо. На настаните исто така се потсетува на повеќе од 130 луѓе кои загинаа во бранот терористички напади во Париз во ноември за кои е осомничена терористичка група поврзана со Исламска држава.


XS
SM
MD
LG