Достапни линкови

Земјите од заливот го осудија Иран за несогласувањата со Саудиска Арабија


Шесте земји членки на Советот за соработка во Персискиот залив ја искажаа својата поддршка за Саудиска Арабија во дипломатските несогласувања со Иран, осудувајќи го како што го опишуваати иранското мешање во внатрешните работи на Ријад. Министрите за надворешни работи на шесте земји кои се доминатно сунитски објавија соопштение по вонредниот состанок во Ријад вчера на кој дискутираа за зголемените тензии меѓу Саудиска Арабија и доминатно шиитскиот Иран. Во меѓувреме саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Јубиер го обвини Иран за спонзорирање тероризам и наглади дека кралството е согласно за дополнителни мерки ако нивниот регионален ривал продолжел со досегашните политики. Тензиите меѓу двете земји почнаа месецов откако Ријад егзекутираше познат шиитски клерик.



XS
SM
MD
LG