Достапни линкови

logo-print

Косово: 14 повредени, 24 приведени по насилните протести


Поддржувачите на опозицијата и полицијата се судрија вчера во Приштина на антивладините протести откако некои демонстранти почнаа да фрлаат молотови коктели и камења кон владината зграда по што изби пожар кој брзо беше изгаснат.
Полицијата одговори со солзавец за да ја растури толпата. Според министерството за внатрешни работи 14 луѓе се повредени во нередите вклучувајќи и 10 полицијајци и двајца новинари, додека 24 демонстранти се уапсени. Неколку илјади луѓе се собраа на протестот од кој се побараа предвремени избори и оставка од премиерот Иса Мустафа. Опозицијата сака да го блокира догововорот со посредство на ЕУ со Србија кој предвидува поголема автономија на општините во кои живеат Срби и можност да се финансираат од Белград. Договорот се уште не е ратификуван во српскиот и во косовскиот парламент.

XS
SM
MD
LG