Достапни линкови

Eвропратениците Вајгл, Ховит и Кукан утре во Македонија


Членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои посредуваа во напорите за постигнување на договорот од Пржино утре ќе ја посетат Македонија Европратениците се очекува да одржат одвоени средби со лидерите и претставниците на политичките партии потписници на договорот. Вајгл, Ховит и Кукан, исто така, треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева, како и со претставници на Државната изборна комисија. Во средината на месецот се очекува и доаѓањето на еврокомесарот за соседска политика и прегвоори за проширување Јохаес Хан. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, целта на посетата е да направи увид во напредокот од имплементирањето на точките од договорот во Пржино, како и на итните реформски приоритети што ги препорача Еврокомисијата. Додека европската тројка е во Скопје, според вчерашните најави премиерот Никола Груевски ќе отпатува во Вашингтон на средба со потпреседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG