Достапни линкови

logo-print

Позната иранска поетеса приведена во Техеран


Хила Седиги популарна иранска поетеса која порано ги критикуваше државните власти и учествуваше во капмањата на опозициските претседателски кандидат е притворена од властите во Техеран, велат нејзините роднини. Таа според нив била уапсена пред два дена на техеранскиот аеродром кога се враќала од Обединетите Арапски Емирати, велат за РФЕ членови на семејството. Засега не се знаат причините за нејзиното приведување ниту пак конкретното обвинение. Ова е втор пат 30 годишната Сегиди да биде приведена. Таа беше приведена во мај 2011 година и но подоцна беше ослободена. Иранските медиуми јавија дека судот ја осудил на четири месечна казна затвор но дека казната била суспендирана на пет години.

XS
SM
MD
LG