Достапни линкови

Жена и пет деца загинаа во пожар во Русија


Жена и нејзините пет деца загинаа во пожар кој избувнал во куќа во регионот Ленингорск во Татарстан, јавуваат медиумите. Надлежните соопштија дека пожарот избил денеска во утринските часови во дрвената куќа во градот Стари Кувак. Во официјалното соопштение не се наведува сродството на жртвите но според новинарските извештаи се работи за мајка и нејзините пет деца. Според јавувањата шестото дете преживеало оти било во домот на роднините. Според надлежните преживеал и мажот со неколку изгореници. Регионалниот комитет отвори истрага. Многу семејства во Русија ги загреваат своите домови на дрва во некои случаи користат и домашно направени електрични апарати.

XS
SM
MD
LG