Достапни линкови

Приштина:Судири меѓу полицијата и демонстрантите


Насилни судири меѓу приврзаниците на опозицијата и полицијата избија попладнево на улиците во Приштина, јавува РСЕ од Косово. Насилството започна за време на протестот организиран од косовската опозиција која бара оставка од владата. Насобраните користеле молотови коктели и запалиле полициски возила. Полицијата пак употребила солзавец. Засега нема информации за последиците или за приведени а судирите се се уште во тек.

XS
SM
MD
LG