Достапни линкови

Издадени 1.359 потврди за признавање право на азил


Во текот на вчерашниот ден се издадени 1.359 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Како што се наведува во соопштението на МВР во период на 24 часа вчера се издадени потврди на вкупно 1.359 странски државјани, од кои 570 од машки пол, 327 од женски, 447 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште петнаесет деца кои патуваат без родител, на кои е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Меѓу лицата на кои се издадени потврди, најголем број се државјани на Сирија - 595, Авганистан - 442 и Ирак - 322. Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

XS
SM
MD
LG