Достапни линкови

Премиерот Груевски во САД на средба со потпретседателот Бајден


Премиерот Никола Груевски, во понеделник на 11.01.2016 година, ќе оствари посета на Соединетите Американски Држави, јавува МИА. Во рамките на посетата , Груевски ќе се сретне со потпретседателот на САД, Џо Бајден, во Белата Куќа во Вашингтон. Според агенцијата, се очекува теми на разговор со американскиот потпретседател Бајден да бидат активностите за продлабочување на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ. Од Владата на Република Македонија, како што пишува во веста, ги потврдиле информациите на МИА. Ова е втора средба на македонскиот премиер Груевски со американскиот потпретседател Бајден, првата нивна средба се случи во февруари 2011 година.

XS
SM
MD
LG