Достапни линкови

Сириската влада ќе присуствува на мировните преговори


Сирискиот министер за надворешни работи соопшти дека се подготвени да ги следат мировните разговори во Женева подоцна месецов, но дека сакаат да ја видат листата на опозициски групи кои ќе присуствуваат. Државната новинска агенција САНА пренесува дека Валид Ал Моалем денеска рекол оти сириската влада сака да се осигура оти терористички групи нема да присуствуваат на разговорите. Тој ова го рекол за време на состанокот со претставникот на ОН во Дамаск. Владата ги нарекува сите групи кои се борат против претседателот Башар ал Асад терористички. Според нив мировните разговори треба да се фокусираат на борба против тероризмот додека опозицијата сака Асад да замине од власта како дел од каков било мировен договор.

XS
SM
MD
LG