Достапни линкови

Партијата на Меркел предложи позасилени контроли за барателите на азил


Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел предложи построги закони за регулирање на барањата на азил кои ќе и помогнат на Германија да ги депортира претстапниците кои се осудени и за полесни кривични дела. Меркел денеска рече дека предлогот е во интерес на граѓаните на Германија, но исто така и во интерес на поголемото мнозинство од бегалците кои се таму. Предлогот кој ќе биде дискутиран со нејзините коалициски партнери и кој треба да биде одобрен во парламентот доаѓа по сексуалните напади и грабежите во западниот град Келн и други градови на прославата за Нова година за кои главно се осомничени странците. Ако бегалците не ги почитуваат правилата тогаш мора да има последици кои подразбираат дека може да го изгубат правото на престој тука без разлика на тоа дали имаат условна или затворска казна, рече Меркел.Измените ќе овозможат полицијата да врши позасилени контроли на документите за идентификација.Нападите кои се случија на Нова Година ги засилија повиците за зголемени контроли во Германија која прими околу еден милион мигранти во 2015 година. Во меѓувреме во Келн се очекува да се одржи антимиграциски марш закажан за подоцна денеска.

XS
SM
MD
LG