Достапни линкови

logo-print

Финска ќе го екстрадира во САД Русинот осомничен за комјутерски измами


Финска одлучи да го екстрадира во Соединетите Американски Држави рускиот државјанин осомничен за компјутерски измами. Финското министерство за правда во вчерашното соопштение наведува дека Максим Сенак ќе биде екстрадиран во САД за судски процес.Преку соопштение руското министерство за надворешни работи ja нарече одлуката длабоко разочарувачка и го потврди своето категорично противење на екстрадицијата. Финска го уапси Сенак во август на барање на американските федерални власти а потегот Москва го нарече нелегален. Тој е обвинет од државата Минесота за заразување на комјутерски сервери низ целиот свет за да се стекне негегално со милиони долари. Одлуката на финското министерство за правда не може да се обжали.

XS
SM
MD
LG