Достапни линкови

Индискиот премиер ја посети нападната воена база


Индискиот премиер Нарендра Моди ја посети воената база Патханкот на границата со Пакистан која беше цел на напад од страна на група вооружени лица во текот на минатата недела.Во нападот на воздухопловната база кој почна на 2 јануари загинаа седум индиски војници. Операцијата за чистење на тешко вооружените милитанти кои упаднаа во базата траеше 4 дена. Одговорноста за нападот ја презема Обединетиот совет на Џеда кој обединува 13 бунтовнички групи од регионот Кашмир. Индиски официјални лица го поврзуваат нападот со претходни напади зад кои се сомневаат дека стои милитантна група од Пакистан со цел да ги поткопа последните напори за оживување на разговорите и односите меѓу Њу Делхи и Исламабад. Индија го обинува Пакистан дека вооружува и обучува напа милитанти во својот дел на Кашмир, а Пакистан ги отфрла овие тврдења.

XS
SM
MD
LG