Достапни линкови

Во понеделник разговори за Авганистан во Исламабад


Официјални претставници од Авганистан, Пакистан, Соединетите Американски Држави и Кина во понеделник ќе се сретнат во Исламабад за оживување на разговорите посветени на завршување на војната во Авганистан.Портпаролот на авганистанското министерство за надворешни работи рече дека учесниците ќе разговараат за патот за мировни разговори. Тој додаде дека авганистанската делегација ќе биде предводена од заменикот министер за надворешни работи Хекмат Карзаи. Авганистанските власти додаваат дека во разговорите не се вклучени Талибанците но дека не ја исклучуваат можноста да се вклучат во одредена фаза. Пакистан е домаќин на разговорите меѓу талибанските претставници и авганистанските власти но процесот застана откако Талибанците со задоцнување ја потврдија смртта на долгогодишниот лидер Мула Омар.

XS
SM
MD
LG