Достапни линкови

Иран ја обвини Саудиска Арабија за подбуцнување верска омраза


Иран ја обвини Саудиска Арабија за подбуцнување на омраза меѓу сектите наведувајќи дека кралството мора да избере меѓу промовирање на екстремизмот или поддршка на добрите односи во Блискиот исток. Во писмото испратено до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мунвчера иранскиот министер за надворешни работи наведува дека Техеран не посакувал и не бил заинтересиран за ескалација на тензиите во соседството и се надевал дека Саудиска Арабија ќе ги послуша разумните причини. Техеран тврди дека Саудијците шират нервоза и се вклучени во директни и во некои случаи и смртоносни провокации против Иран откако не успеале да го поткопаат нуклеарниот договор кој Иран го постигна со светските сили во јули минатата година. Ваквата реакција следува откако на 2 месецов Саудиска Арабија соопшти дека меѓу 47 лица бил егзекутиран и врвниот шиитскисвештеник Нимр Ал Нимр кој беше централна фигура во шиитските протести што избија во 2011 година, како дел од Арапската пролет.

XS
SM
MD
LG