Достапни линкови

logo-print

Ердоган:Турската војска е потребна во Ирак за одбрана од ИД


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција има потреба да ја задржи војската во северен Ирак откако го осуетија планираниот напад од борците на Исламска држава на нивниот воен камп неделава.Ваквото тврдење објавено вчера кое Ирак го негираше ги обнови несогласувањата меѓу Анкара и Багдад кои се појавија минатиот месец откако Турција испрати свои војници во областа во близина на Башика каде што има тренинг камп за ирачката војска која се бори против ИД. Ердоган на репортерите во Истанбул им кажа дека убиле 18 борци на ИД кои планирале да се инфилтрираат во Башика и да го нападнат кампот. Багдад пак останува на тврдењето дека влегувањето на турската војска преставува прекршување на меѓународното право, дека не било во кординација со нив и дека мора да ја напуштат земјата.

XS
SM
MD
LG