Достапни линкови

Капетан Драган обвинет за воени злосторства


Хрватскиот суд го обвини поранешниот командант на српските паравоени сили Драган Васиљковиќ за воени злосторства извршени за време на војната од 1991 до 1995 година. Обвинението е по шест месеци откако Васиљковиќ познат и како „Капетан Драган“ ја загуби девет годишната битка за да ја сопре неговата екстрадиција во Хрватска од Австралија.

Toj беше уапсен во 2006 година во Австралија каде работел како инструктор за голф. Васиљковиќ e обвинет за тортура и убиство на хрватски војници и полицајци и за организирање на напад на полициска станица.

XS
SM
MD
LG