Достапни линкови

Ново издание на „Мојата борба“ на Хитлер во Германија


Ново издание на манифестот на Адолф Хитлер „Мојата борба“ се појави во книжарниците низ Германија за прв пат од Втората Светска Војна. Институтот за современа историја од Минхен го објави новото издание со прибелешки и фусноти.

Од институтот изразија надеж дека тоа ќе помогне да се демистифицира книгата и да се разоткрие идеологијата на нацистичкиот лидер. Директорот на институтот, Андреас Виршинг изјави дека во тоа издание на книгата се изложени лажните информации кои ги ширел Хитлер и неговите сојузници, како и неговите полувистини кои биле користени за пропаганда. Но, критичари сметаат дека тоа може да помогне во ширењето на екстремистичкото десничарска идеологија.

XS
SM
MD
LG